Двете новозаразени лица од Ковид 19 во Велес се млади луѓе

Објавено: 20 август, 2020, во 12:43 часот

Infektino fin

20.08.2020

Момче на 23 години и девојка се новозаболените велешани во изминатите 24 часа. Тие се евидентирани од Министерството за здравство. Според податоците, што ги далЦентарот за јавно здравје Велес за потребите на епидемиолошката анкета, момчето вирусот го добил на летување додека девојката заболела од член на семејството.

Двајца од оздравените велешани се лекувале на Инфективното одделение во Општа болница Велес. Тие се испишани од одделението со два негативни тестови. Третото оздравено лице најверојатно се лекувало дома и било под контрола на матичен лекар.

-На Инфективното одделение во велешка болница и денеска има 17 лежечки пациенти затоа што синоќа е примена жена од Велес и маж од Неготино кои се сомнителни на Ковид -19. За нив се чекаат резултати додека останатите 15 пациенти се со потврден тест на коронавирус, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпаролка на Општа болница Велес.

Денеска вкупниот број на заболени во велешко изнесува 249 случаи и евидентирани се 208 оздравени граѓани. Бројот на починати од почетокот на епидемијата до денеска изнесува 14 лица./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.