На Лопушник, на денешнен ден пред 83 години, згасна животот на Кочо Солев Рацин

Објавено: 13 јуни, 2026, во 12:58 часот

На планината Лопушник, на денешен ден, пред 83 години, трагично заврши животот на Koста Апостолов Солев, македонски книжевник и комунист, основоположник на современата македонска книжевност. Неговата стихозбирка “Бели Мугри“ издадена во Самобор, Хрватска, во 1939 година претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и книжевната критика.

Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова – Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, „Невен Пејко“, кој го зел од неговата втора љубов – Невенка Вуиќ.

Кочо (Коста Апостолов Солев) Рацин е роден во 1908 година, во Велес. Уште во детството ја запознава сиромаштијата. Неговиот татко, грнчарот Апостол, не можел да му пружи поголемо образование, бидејќи грнчарскиот занает и состојбата на семејството барале многу напори и време за мала заработувачка. Поради тоа, по завршувањето на првиот клас од нижа гимназија, веќе во својата тринаесетта година, Кочо бил принуден да му се посвети целосно на татковиот занает. Мајка му на Кочо, Марија Солева, по потекло била од Којник. Таа починала на 28 јуни 1967 година. Чичко на Рацин бил Георги Солев, таткото на писателот Димитар Солев, кој му подарил железен кревет кој што и денеска се наоѓа во Спомен куќата на Рацин.

Коста Рацин имал две сестри, Деса и Грозда, како и тројца браќа Александар, Димко и Никола Солеви.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.