Кавадарци ќе соработува со градот Јиву, трговски и логистички центар во Кина
Објавено: 22 септември, 2026, во 15:37 часот
Соработка во трговија, економија, логистика, образование, технологија, култура, туризм, спорт како и размена на искуства преку реализација на заеднички проекти, се целите на договорот за збратимување и воспоставување на соработка.
Договорот го потпишаа градоначалникот Митко Јанчев и кинеската амбасадорка во Северна Македонија, Н.Е Џијанг Сјаојан.
Јиву е значаен трговски и логистички центар во Кина. Збратимувањето треба да создаде основа за долгорочно партнерство и нови можности за поврзување на двата града.
Убавка Јаневска


