Фестивалот на џез, ворлд и современа музика по петти пат во Велес

Објавено: 23 септември, 2026, во 16:59 часот

Фестивалот ќе се одржува, викендов, поточно од петок 25 до недела 27 септември на четири локации во градот, пред и во велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот, во Градски парк и на спомен платоа пред Спомен Костурница во Велес.

И петото фестивалско издание има интернационален карактер бидејќи освен домашни настапуваат гости од Австрија, Финска и Израел. Во рамки на фестивалската програма ќе се одржи и психолошка работилница за деца “Островот на емоциите” со Фатиме Мефаиловска.

Од здружението на граѓани „Арт генерација“, кое што е организатор на фестивалот,најавија дека доколку поради временската прогноза и најавен дожд се појави потреба од одржување на концертите наместо на отворен во затворен простор тогаш заинтересираната публика ќе биде информирана преку социјалните мрежи.

Цената на билетите за концертите изнесува од 300 до 400 денари.

Петито Фестивал на џез, ворлд и современа музика е финансиран од Општина Велес како и од две фирми.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.