Жири комисијата на 23-тиот ФАД„Стоби“ ги соопшти добитниците на награди

Објавено: 24 септември, 2026, во 14:19 часот

Жири комисијата на овогодинешнито издание на ФАД ,,Стоби“ во состав Весна Димитрова Бобевски – претседател и членови Кети Борисовска и Пеце Ристевски, актери на велешки и на штипски Театар ја донесе одлуката за годинешните добитници на награди на 23 Фестивал на Античка драма „Стоби 2026“.

Според одлуката добитник на наградата ГРАН ПРИ за најдобра претстава е претставата „Лисистрата“ на Народно позориште „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин, Србија.

Наградата за најдобра главна женска улога и припадна на актерката Јелена Жугиќ.

Најдобра за најдобра главна машка улога ја доби актерот Александар Степанулески.

За најдобра режија  добитник е режисерот  Дејан Пројковски.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени утревечер, четврток, 24 септември на свеченото затворање на фестивалот кога во чест на наградените Народен театар Штип ќе ја прикаже претставата „Сите прекрасни нешта“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.