Св. маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж

Објавено: 30 септември, 2026, во 08:08 часот

Светата православна Црква на денешен ден го празнува споменот на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж.

Римјанките, трите сестри Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија живееле во времето на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Во тоа време биле вршени големи прогони на христијаните, и тогаш биле приведени и Софија и нејзините три ќерки Љубов, Вера и Надеж.

Поради одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Љубов, Вера и Надеж биле ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им биле отсечени главите. Мајката Софија ги зела и ги закопала телата на своите три ќерки и откако поминала три дена и ноќи во молитви над нивниот гроб, го предала својот дух на Бога.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.