Се дружат и спортуваат – одбојкарите ветерани на ОК „Борец“ освоија второ место и сребрен медал во Србија  

Објавено: 30 септември, 2026, во 15:20 часот

Велешките одбојкари – ветерани на „Борец“, во чест на прославениот југословенски одбојкар Мишко Митиќ, викендов, во Велико Градиште учествуваа на  третиот Меморијален турнир во одбојка за ветерани каде се натпреваруваа 12 екипи од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија.

Ветераните на „Борец“ го освоија второ место, пехарот и сребрените медали одигрувајќи четири натпревари или седум часови на терен. За нив овој пехар има посебна тежина.

Велешките ветерани досега настапиле на седум меѓународни турнири и на сите седум имаат освоено медали поточно две први, две втори и три трети места.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.