Студено наутро и сончево во текот на денот
Објавено: 1 октомври, 2026, во 08:43 часот
Ведро и постудено утро и сончево преку денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 25 степени.
Под влијание на поле со висок воздушен притисок следува период на стабилно време.
Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло, гласи временската прогноза за денешниот ден што ја соопшти УХМР.
Дума.мк


