Студиска посета на лица со попречености од БиХ и Србија во Велес – размена на искуства за органско производство на ароматични билки

Објавено: 1 октомври, 2026, во 09:56 часот

Лица со попречености во Македонија, во Србија и во Босна и Херцеговина одгледуваат и практикуваат органско производство на ароматични билки. Вкупно 50-сет од нив преку истоимен проект, поддржан од Вестерн балкан фонд и ЕУ, разменуваа искуства и добри практики во изминатите три дена во Македонија.

Домаќин беше  Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености чии членови теоретски во Велес и практично на расадниците во Градско им ги пренесоа македонските искуства на органско одгледување и производство на ароматични билки.

Учесниците во оваа посета со учење и практична примена на знаење од Далиборка  Златева стекнаа искуства за  органското земјоделство и принципите на одржливо производство на лековити и ароматични билки.  

-Работевме напорно и им пренесовме информации поврзани со сите билки кои можат да се одгледуваат и успеваат на нашето поднебје. Станува збор за лавандата, невенот, босилекот и рузмаринот. Секако овие билки успеваат на Балканот во медитеранската клима и токму затоа работевме за да им покажеме како со успешност може да се одгледуваат,“ додаде Златева.

Експертот Лидија Карастојанова Андова на гостите од Србија и од Босна и Херцеговина им ги претстави и објасни основните карактеристики на лековитите и ароматичните билки, лаванда, жалфија, босилек, невен и рузмарин и практично покажа како тие се одгледуваат на македонската почва поточно што се од билките се произведува во процесот на органско производство.

Гостите ги споделија своите искуства во делот предвиден за размена на добри практики.

За нив Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености реализираше практични презентации на различни техники и постапки за изработка на производи со додадена вредност како што се : дестилација на етерично масло од лаванда, подготовка на вреќички од лаванда, изработка на тинктура од лаванда, подготовка на чај од лаванда, подготовка на масло од невен, изработка на крем за нега од невен, подготовка на чај од невен, подготовка на чајна мешавина од жалфија, рузмарин и босилек и изработка на рачно изработени сапуни.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.