Возач удрил, усмртил возрасен маж од село Мамутчево кај „Штипска клучка“ и избегал од местото на сообраќајната несреќа

Објавено: 6 октомври, 2026, во 14:13 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Сообраќајната несреќа се случила вчера, рано наутро, соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

„На 05.10.2026 година, околу 05:30 часот, во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Градско-Велес, на место викано „Штипска клучка“, патничко возило удрило во пешакот С.М.(77) од с.Мамутчево, велешко, по што возачот со возилото го напуштил местото. од здобиените повреди пешакот С.М. починал на местото, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.