Општина Кавадарци започнува со изградба на Дом за стари лица, го потпиша договорот со државата

Објавено: 8 октомври, 2026, во 15:28 часот

Во Општина Кавадарци до крајот на месецов ќе започне изградбата на Јавна општинска установа – Дом за стари лица. Новата општинска установа ќе располага со капацитет за 57 лица и ќе се простира на вкупна површина од 3.365,1 м².

Изградбата чини  скоро 155 милиони денари а Општина Кавадарци учествува со 5 милиони .438 илјади денари. Останатите финансиски средства, скоро 149, 5 милиони денари се обезбедени преку Министерство за социјална политика, демографија и млади.

-До крајот на месецот се очекува да започнат градежните активности, со што проектот влегува во фаза на реализација. Со изградбата на оваа современа установа, Кавадарци ќе добие значаен капацитет за згрижување и социјална заштита на старите лица, создавајќи подобри услови за грижа, сигурност и достоинствен живот. Ова е инвестиција во луѓето, во социјалната сигурност и во подобра иднина за Кавадарци и неговите граѓани, рече градоначалникот Митко Јанчев.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.