Во сообраќајка на магистрален пат Градско-Прилеп потешко повреден маж од Горно Оризари
Објавено: 23 октомври, 2026, во 12:34 часот
„На 22.10.2026 година во Одделение за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци е пријавено дека околу 10:00 часот на магистрален пат Градско-Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(40) од село Горно Оризари, велешко и товарно возило „мерцедес“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(60) од село Славеј, општина Кривогаштани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Р., констатирани во Општа болница Кавадарци. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


