Променливо облачно време со сончеви периоди со дневна температура до 18 степени
Објавено: 28 октомври, 2026, во 07:49 часот
Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од минус 2 до 10 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 8 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе засилува, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Дума.мк


