Градоначалник Колев: Пред нас се многу проекти за подобро секојдневие на велешани и создавање нови можности за развој

Објавено: 10 ноември, 2026, во 10:13 часот

Свечената академија по повод 9 Ноември – Ден на Општина Велес ја отвори градоначалникот Марко Колев со изразување на почит и благодарност кон сите кои со својата храброст и пожртвуваност на велешани им ја подарија слободата и како што рече „не обрзаа да го градиме Велес во кој сакаат да живеат генерациите што доаѓаат“. Колев ги соопшти проектите кои се тековни и  ќе бидат приоритетни во работата на опшината за подобрување на условите за живот во градот и за велешани а упати и честитки како до годинешните добитници на општинские награди и признанија така и до своите сограѓани по повод 82 години слободен Велес.

Градоначалникот Колев ја врачи Наградата за животно дело „ГЕМИЏИИ“ за 2026 година на д-р Горан Јовиќ специјалист хирург и уролог за посветеноста на лекарската професија, во која знаењето е постојан предизвик, одговорноста е секојдневие, а довербата на пациентот е најголема обврска. Наградата му се доделува и за неговата ангажираност во развојот на локалната самоуправа и извршување на функцијата заменик Градоначалник на Велес во еден мандат.

Д-р Јовиќ се заблагодари во име на сите годинешни добитници на наградите и признанијата.

Исто така, Колев ја врачи и наградата за најстудент „Проф. д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ на Емира Хусковиќ – студентка на Универзитетот во Ричмонд, САД за академскиот успех, посветеноста, амбицијата и стремежот кон знаење.

На свечената седница беа доделени две постхумни Спомен плакети „9 Ноември“ за врвен алтруизам и посебен придонес во Локалниот економски развој на Велес на Зоран Љутков и за професионалниот, раководен и општествен придонес во развојот на болничката здравствена заштита во Велес на д-р Ванчо Граматов. Добитник на Спомен плакета „9 Ноември“ за 2026 година му беше врачена и на Ас. д-р Ниметула Лимани за исклучителна стручност, хуманост и едукативен придонес во развојот на здравствената заштита и медицината.

Според одлуката на Совет на Општина Велес, претседателката на Комисијата за јавни дејности Селма Амедоска ги врачи „9-то Ноемвриските признанија пофалница за 2026 година“ на Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“, за придонес во фудбалот на Валерија Ваљак Неделковски, за придонес во заштита на животната средина на ЗГ „Акцијаш ветерани“ Велес, на велосипедистите Коста Тахов и Баже Миров и на учесникот во македонската коњаница Спасе Буковски.

Даниел Јаневски, претседател на Советот на Општина Велес, да ги врачи благодарниците за 2026 година за врвен репрезентативен успех во меѓународниот спорт во кајак на диви води на Благој Гугинов, за граѓанска храброст и пожртвуваност при пожар, спасувајќи човечки животи и материјални добра на велешанецот Александар Јолдашев, за за долгогодишен исклучителен научен и професионален придонес во проучувањето, заштитата и афирмацијата на македонскиот јазик на Снежана Петрова Џамбазова, за за исклучителен долгогодишен придонес во развојот на образованието, науката и стопанството во Велес на ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес, за континуирани успеси во образованието и афирмација на младите таленти од Велес на ООУ „Блаже Конески“ – Велес, за за негување на традиционалните вкусови и кулинарскиот бренд „Велешка пита пастрмајлија“ на Ресторан „СНУПИ“, за  остварени спортски резултати во атлетиката и афирмација на велешкиот спорт на Трајче Илијевски, за врвен спортски подвиг со успешно искачување на Мон Блан и промоција на алпинизмот и маратонскиот спорт на Александар Гулевски и за за врвна афирмација на хорското пеење и музичката култура на Велес во светот на Детски хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес.

Во чест на добитниците на наградите и признанијата концерт одржа Национален џез оркестар од Скопје.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.