Изложба „Дијалог со светото“ во Ликовен салон Велес
Објавено: 10 ноември, 2026, во 11:24 часот
Изложбата воспоставува редок визуелен и духовен дијалог меѓу иконописното наследство на велешкиот зограф Крсте Зограф од првата половина на XIX век и современите уметнички интерпретации на сакралните теми.
Преку соочувањето на старите икони со делата на Димитар Кондовски, Глигор Чемерски, Владимир Георгиевски, Никола Пијанманов, Горјан Ѓорѓиев, Трајче Чатмов, Ангел Коруновски и современи авторски истражувања, изложбата отвора простор за размислување за континуитетот на духовното во уметноста, за односот меѓу традицијата и слободата на творечкиот израз.
Народен музеј Велес е организатор на изложбата која што ќе биде отворена вечерва со почеток во 19:30 часот.
Убавка Јаневска


