Променливо облачно време со сончеви периоди, можен и слаб дожд
Објавено: 11 ноември, 2026, во 08:06 часот
Променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд.
По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Температурите ќе се движат меѓу 4 и 18 степени, прогнозираат од Управа за хидрометереолошки работи.
Дума.мк


