Велес ќе биде домакин на Меѓународни натпревари во кајак на диви води
Објавено: 11 ноември, 2026, во 14:20 часот
Велес е избран за домакин на меѓународни натпревари во кајак на диви води во 2027 година. Европски куп во кајак на диви води ќе се одржи, вгодина, на 28 август и ден подоцна, Светска ранкинг трка.
-Врвни натпреварувачи од меѓународната кајакарска листа ќе се натпреваруваат на река Вардар. Ова е уште една можност Велес да ја претстави Македонија пред спортскиот свет и да покаже дека Вардар има што да понуди, соопшти Љубомир Спасиќ, долгогодишен репрезентативец на Македонија во кајак на диви води и член на Кајакарскиот клуб „Арка – Борец“ од Велес.
Убавка Јаневска


