Пријава за лихварство, невратени пари, камата и закани во Кавадарци

Објавено: 11 ноември, 2026, во 15:13 часот

Четириесет и деветгодишниот Г.Т од Кавадарци, вчера вечер, во 21:30 часот, во Одделение за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци пријавил дека бил предмет на закани поради невратен долг со камата. Според Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес пријавителот по втор пат му позајмил пари со камата на исто лице кое не му ги вратило како претходно. Наместо парите и каматата на вчера, на 10 ноември, лицето дошло во домот на лихварот и му упатило закани.

„Според пријавеното, Г.Т. (49) во август позајмил пари од А.Х., со договор да ги врати во рок од 30 дена со камата, но до моментот на пријавување долгот не бил подмирен. Откако претходно во неколку наврати му барала пари по телефон, лицето А.Х. на 10.11.2026 година отишло директно во домот на оштетениот каде му упатило закани. Во пријавата е наведоа и дека Г.Т. и претходно земал пари со камата од истиот човек, кои тогаш ги вратил во договорениот рок. За настанот е известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот,“ соопштија од СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.