БК „Борец“ одбележува 65 годишен јубилеј – во недела, во Велес, по 25 пат Меѓународен турнир „Коцев Љубомир – Листон 2026“

Објавено: 13 ноември, 2026, во 15:22 часот

Со одржување на 25-то јубилејно издание на меѓународниот турнир во борење – слободен стил за пионери, кадети и јуниори „Коцев Љубомир – Листон 2026“, во недела, 15 ноември, велешкиот БК „Борец“ одбележува  65 годишен јубилеј.

Тренерот и организатор на турнирот, Игор Мицевски-Скакар, соопшти дека на јубилејниот турнир пријавени се 18 екипи, од кои три се од странство, со повеќе од 100 борачи.

На јубилејот, еден од најстарите боречки клубови во Македонија, ќе додели признанија плакети и благодарници на сите оние кои учествувале во развојот на клубот и кои се до денес се заслужни за неговиот опстанок во овие тешки времиња.

Турнирот ќе се одржи во спортската сала на  велешкото основно училиште „Блаже Конески“, со почеток во 11 часот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.