Облачно, со сончеви периоди и магла во котлините

Објавено: 16 ноември, 2026, во 08:20 часот

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди и со услови за појава на магла во одделни котлини. Врнежи од дожд најпрво се очекуваат во западните делови од земјава, а попладне и кон крајот на денот ќе ја зафатат целата територија. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 10 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 8 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, а попладне и кон крајот на денот се очекуваат врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, гласи временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дума.мк


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.