Трофејот „Листон“ го освои борачот Бакиов, најдобар техничар Јашаров а најдобар борач Минов
Објавено: 16 ноември, 2026, во 14:08 часот
На 25 Меѓународниот турнир во борење „Коцев Љубомир – Листон 2026“ борачот Дамир Бакиов го освои Трофејот „Листон“.За најдобар техничар беше прогласен Јашар Јашаров, додека признанието за најдобар борач му припадна на Ване Минов.
Исто така борачите на Железничарскиот боречки клуб „Борец“ од Велес остварија одличен успех на турнирот и освоија првото место, во вкупен пласман 14 медали, од кои 5 златни, 4 сребрени и 5 бронзени.
По овие успеси заклучокот би бил дека пехарите и највисоките индивидуални признанија останаа во Велес.
Најстариот велешки боречки клуб со свеченост го одбележа и јубилејот 65 години постоење и борење во градот на којшто подели повеќе признанија на ветерани и поддржувачи кои овозможија со оваа ретка спортска дисциплина да се гордее Велес.

Убавка Јаневска

