„Мовембер Велес“ организира заедничко трчање всабота за подигнување на свеста за машкото здравје

Објавено: 18 ноември, 2026, во 17:08 часот

Со специјалисти уролози, минатите години, ја поттикнуваа превенцијата на канцер на простата и ја организираат традиционалната манифестација избор на „Нај мустаќ“ а годинава и поевтини прегледи во приватна здравствена амбуланта како и во сабота, на 21-ви ноември, заедничко трчање.  

-Граѓанската група „Мовембр Велес“ во соработка со „Veles Run Club“ , организираме заедничко трчање посветено на подигнување на свесноста за машкото ментално и физичко здравје. Должината на трката изнесува 5 км. Собирно место или старт на заедничкото трчање е паркинг на кафетерија „Маrquee“ во Градски парк, во 12:00 часот. Затоа што здравјето не е само физичка подготвеност. Тоа е и ментална благосостојба, поддршка, разговор и храброст навреме да побараме помош,  соопштија од „Мовембр Велес“.

Исто така, од граѓанската група повикуваат: „ Придружете ни се да покажеме дека грижата за машкото здравје е одговорност на сите нас!“

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.