Почина 62 годишен велешанец во автомобил на улица во градот

Објавено: 17 ноември, 2026, во 12:35 часот

Шеесет и две годишниот Ѓ.С од Велес е велешанецот кој што вчера попладне починал во автомобил откако му се слошило. Била повикана и медицинска екипа на Итна помош која за жал само констатирала смрт, соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

„На 16.11.2026 во 17:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на улица „8 Септември“ во Велес во патничко возило „сузуки“ со велешки регистарски ознаки починал Ѓ.С.(62) од Велес, откако претходно било пријавено дека му се слошило. Лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција,“ информираа од СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.