Нов случај на врсничко насилство во Кавадарци: Малолетничка горена со цигара

Објавено: 19 ноември, 2026, во 11:39 часот

Случајот е пријавен вчера во Одделение за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци а се случил во понеделникот, на 16 ноември, на улица во Кавадарци.

„На 18.11.2026 во 22:30 часот во ОВР Кавадарци, Е.К.(35) од Кавадарци пријавила дека на 16.11.2026 на улица „Сремски Фронт“ во Кавадарци, нејзината малолетна ќерка била нападната од други две малолетнички, од кои едната ја држела, а другата ја горела со цигара. Известен бил јавен обвинител, Центар за социјални работи Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска                               


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.