М-р Андреја Весов реизбран за претседател на ОО на ЗНАМ во Велес

Објавено: 20 ноември, 2026, во 17:01 часот

М-р Андреја Весов е едногласно реизбран за претседател на ОО на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во Велес на Општинска изборна конференција.

Освен довербата што му е повторно дадена на претседателот Весов, кој по професија е адвокат, избрани се и нови состави на Извршниот и Надзорниот одбор. Оваа партија со еден член партиципира во мнозинството на Совет на Општина Велес.

На Конференцијата присуствувале потпретседателот на Движењето ЗНАМ и пратеник во Собранието, генерал Павле Арсоски, потпретседател и министер за земјоделие, водостопанство и шумарство Борче Серафимовски, претседавач на ЦО Игор Филков, заменик министер Радослав Настасијевиќ Варџиски заедно со членови и претставници на партиските органи.

 Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.