Во Велес се реализира работилница за млади, од Кавадарци и од Неготино, за нивните проблеми и решенија

Објавено: 21 ноември, 2026, во 11:56 часот

Работилница за млади се реализира во Велес, во фокусот се младите и нивните проблеми, се разговара за нивно застапување и решавање. Насилство меѓу младите  и дискриминација, нееднаков третман, навреди поради изглед, исклучување од општеството, поделба на ученици според социјален статус, несогласување помеѓу ученици од различни места, купени дипломи, ова беа посочени како едни од најголемите проблеми со кои се соочуваат младите.

Фото:Огнен Јанески, обучувач

На дводневната работилница учествуваат  средношколци кои учат во Кавадарци и Неготино.  Вакви  проблеми и уште неколку други, детектираа младите во средините во кои се движат. Вчера, на првиот ден од настанот, се истакнато и барањето на младите, за интерактивна настава во образованието.

Фото:Билјана Бејкова, обучувач

На работилницата се истакна  дека целта е, младите, со поддршка на возрасните, да придонесат за подобра иднина, за младите да не се иселуваат од државата и да се придонесе кон подобро и попросперитетно, демократско и попрогресивно општество.

Работилницата ја спроведува Организацијата на жени ,,Женско лоби” од Демир Капија.

-Продолжуваме со работа со млади, особено во борбата против насилството во училиштата, негово превенирање, препознавање и санкционирање – нагласи Менче Николова, програмска раководителка во ,,Женско лоби”.

Работилницата е насловена ,,Од идеја до акција: Младите ја менуваат заедницата”, а обучувачи се Билјана Бејкова и Огнен Јанески. Проектот е финансиран од Екуменска иницијатива на жени од Хрватска.

Светлана Дарудова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.