Постудено време со дожд и засилен ветер

Објавено: 23 ноември, 2026, во 08:35 часот

Во текот на ноќта најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд кои поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег.

Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 km/h, претпладне од западен, а попладне од северен правец. Минималната температура ќе биде од 2 до 9 степени, а максималната од 11 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде -1, а дневната максимална до 13 степени, гласи прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи (УХРМ).

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.