Изложба на порцелански кукли „Одрази“ кои се подготвени со нови калапи и по урнек на порано произведени во велешка Порцеланка

Објавено: 25 ноември, 2026, во 16:19 часот

Повторно ги стави во функција керамичарот Филип Фидановски пронајдените искршени делови на сувенири во теренското истражување во поранешната велешка фабрика за порцелан „Борис Кидрич“, позната и како „Југопорцелан“ или „Порцеланка“.  

Од тие порцелански глави, раце и нозе на порано произведените сувенири се изработија нови калапи кои овозможија создавање 16 порцелански кукли на кои модниот дизајнер и костимограф Александар Рашковиќ им даде современ дизајнерски пристап.

Со сегашниот дизајнерски изглед куклите ќе можат да се видат на изложбата „Одрази“ која што ќе биде отворена во петок, 27 ноември, во Културно информативниот центар во Скопје со почеток во 19:00 часот.

Изложбата е поддржана од министерство за култура и туризам и од повеќе поддржувачи.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.