На бизнис идеите „Што понатаму?“ и „NOVA“ на гимназиските тимови во натпреварот „Средношколец Милионер“ им се потребни гласовите на велешани
Објавено: 24 ноември, 2026, во 12:05 часот
Тим во кој што се учениците: Дориа Гиовски, Емилија Босилкова, Сара Јовевска, Тифани Михајловска и Вања Масевска од l-4 клас, на ССОУ “Гимназија Кочо Рацин“ создадоа бизнис идеја „Што понатаму?“ за натпреварот „Средношколец Милионер“ која е избрана меѓу ТОП 60 бизнис идеи на овој натпреварот. Главната цел на идејата е да се олесни патот на младите кон нови можности, искуства и остварување на нивните амбиции.

„Што понатаму?“ е дигитална платформа создадена од средношколци за средношколци, која користи вештачка интелигенција за да им помогне да ги откријат можностите за својата иднина во странство. Преку персонализирани препораки, платформата ги поврзува нивните интереси, способности, академски достигнувања и финансиски можности со соодветни странски универзитети, волонтерски проекти и Work and Travel програми.
На овој тим му е потребна поддршка од велешани. Сограѓани гласајте за идејата на овие млади средношколци за „Што понатаму?“ да го продолжи натпреварот. Кликнете и оставете го вашиот глас на https://milioner.mk/…/2e4f61ed-492f-4f14-b6f1-0484375b02d6

Втората бизис идеа „NOVA“ – од иновативна идеја до успешен бизнис е на тимот составен од учениците Вања Крстовска, Михаела Ивановска и Симеон Петров од II-2 клас. И оваа бизнис идеа е избрана во ТОП 60 . Бизнис идеата „NOVA“ е дигитална платформа која со помош на вештачка интелигенција им овозможува на корисниците да ги претворат своите идеи во реални бизниси преку анализа на пазарот, креирање бизнис-планови, финансиски стратегии и поврзување со ментори и потенцијални инвеститори.
И на овој тим му е потребна поддршка од велешани. За нивната бизнис идеа велешани гласајте за за да им дадете поддршка во понатамошниот натпревар со кликнување и оставање на вашиот глас на https://milioner.mk/vote/c5e38f2e-e75e-4b82-8bd0-4bae7d215006?utm_source=chatgpt.com
Дума.мк


