Продолжува поморот на риби во рибници на Тиквешкото Езеро

Објавено: 23 октомври, 2020, во 16:38 часот

IMG 1e29be23052018f8deae3cf003d0de1a VНад 35 тони крап загубија две компании кои имаат рибници на Тиквешкото Езеро. Неколку дена по ред има помор на рибите поради намаено ниво на водата во езерото и низок процент на кислород.
 
„Во последните 2 дена нивото на водата продолжува да паѓа, од моментот кога се појави проблемот до денес е пониско за најмалку 1 метар, а состојбата на кислородот во водата иста.  Ние продолжуваме да ги чистиме рибите од површината и штетата за нас е се’ поголема“ ни рече Љупче Танев, сопственик на „Златен крап“.
 
 
Тој објаснува дека заклучно со денес загубиле десетина тони риби, а во другиот рибник на компанијата „Дошница“ има помор на околу 25 тони./А.Д
 
IMG 236cd69b94885776fd64b8050a4d39e2 V

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.