На велешко инфективно денеска се лекуваат 41 короназаразени пациенти
Објавено: 28 октомври, 2020, во 15:54 часот
28.10.2020
На инфективното одделение во велешка болница денеска се лекуваат 41 заразени пациенти со коронавирус. Од нив потврдено позитивни се 38 пациенти додека за тројца се чекаат резултати иако тие се веќе на лекување.
-Од вкупниот број на лежечки болни на одделението денеска на кислородна поддршка се 14 или еден помалку од вчера, соопшти портпаролката д-р Весна Николовска Неделкова./С.А




