Повредена продавачка во Кавадарци – одземени пари од прометот
Објавено: 12 ноември, 2020, во 11:10 часот
12.11.2020
Продавачка во кавадаречка продавница синоќа била нападната со нож. Напаѓачот и одзел пари од дневниот промет и побегнал – потврдија од МВР.
Од брзата помош во Кавадарци потврдија дека девојката побарала лекарска помош.

„Девојката имаше повреда на ушната школка, посекотина од два сантиметри“ рече д-р Ратко Грков.
Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот.
Aнгел Данов



