Пендаровски го свика Советот за безбедност

Објавено: 19 ноември, 2020, во 08:37 часот

VilaVodno fin

19.11.2020

Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 на територијата на државата, како и за мерките и активностите на надлежните институции.

На десеттата седницата, што ќе се одржи напладне во „Вила Водно”, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

Последната седница на Советот за безбедност беше на 29 октомври. Тема и тогаш беше состојбата со ковид-19.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.