Нови двајца починати велешани од коронавирус во болнички услови
27.11.2020
Жена на 70 години од Велес примена пред две недели и маж на 58 години од населба Горно Оризари примен пред два дена се починати денеска на Инфективното одделение во Општа болница Велес. Двајцата пациенти се потврдено позитивни на Ковид.
Со нив вкупната бројка на починати велешани, од почетокот на епидемијата до денеска, изнесува 63.
Во моментов на болничко лекување се наоѓаат вкупно 65 пациенти од кои 56 потврдено позитивни, двајца се сомнителни и 7 со негативни тестови на кои сеуште им е потребна здравствена помош во болнички услови иако тие се водат како оздравени.
Се намали бројот на пациенти кои се на кислородна поддршка за двајца и сега изнесува 25 ковид пациенти .
И понатаму најголем број на заразени се пациенти на Инфективно поточно 47 пациенти, на Физикална се лекуваат 11 додека на Интерно 7 пациенти. Токму последниве се пациентите кои и покрај излекуваноста сеуште имаат потреба од медицинска помош и нега во болнички услови.
Стоилко Андреевски