Во нови простории е преместено Oдделението за управни работи во Кавадарци (Видео)
29.12.2020
Одделението за управни работи во Кавадарци доби нови простории. Личи документи на кавадарчани ќе им се издаваат во простории на граничната полиција, наместо како досега во просториите на полициската станица.
„Ова е после подолго време, нови простории и нов концепт за работа на управните служби. Наши простории кои беа дел од РЦ Југ целосно се реновирани и подготвени врз основа на концептот за управни работи и тука граѓаните на Кавадарци ќе можат да ги вадат сите лични документи. Ова е дел од заложбите на МВР и моите лични заложби како и на раководството, да направиме подобри услови за граѓаните, да имаат полесно остварување на своите права и услови за полесно работење на вработените во МВР. И тоа е дополнителна мотивација за една успешна работа“ изјави Спасовски./A.Д