(ФОТО) Снежна идила во Велес
Објавено на 14 јануари, 2021 во 21:33
14.01.2021
Падна првиот снег во градот и ја создаде долго очекуваната идила. На снегот најмногу му се радуваат децата. Тие во Младински парк, паркот пред велешка Гимназија , пред основното училиште „Васил Главинов“ вечерва ги направија првите снежни топки и со нив играа погодување на другарчињата. Детска снежна игра имаше и низ велешките сокаци и маала.
И возрасните велешани вечерва излегоа на прошетка додека снегот паѓаше во градот. Улиците и парковите се наполнија со луѓе.
Долго очекуваниот снег се чини дека го прочисти и загадениот воздух.
Погледнете ги фотографиите од првата зимска идила вечерва во Велес.
Убавка Јаневска