Торнадо ја погоди Турција, 16 лица се повредени

Објавено на 12 февруари, 2021 во 10:19

turcija fin

12.02.2021

Торнадо синоќа го погоди турскиот град Чешме на егејскиот брег, оставајќи пустош во кој беа повредени 16 лица, соопштија локалните власти.

Торнадото го зафати градот Чешме, околу 90 километри западно од Измир, уривајќи дрвја, уништувајќи покриви на куќи, како и голем број автомобили и бродови.

tornado fin

– Чешме, рајот на земјата, претрпе пекол минатата ноќ, рече градоначалникот Екрем Оран.

Најмногу е погодено локалното градилиште каде се градат летни вили, каде падна кран кој ја уништи монтажната куќа на градежниците, кои се здобија со повреди, а еден заврши во болница со скршеница на ногата, јави новинската агенција Анадолија.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.