ЈКП „Дервен“ : Апелираме до сите граѓани на Велес, да ги заштитат своите водомери од ниските температури кои следуваат во текот на викендот
12.02.2021
Јавно комунално претпријатие „Деврен“ , апелира до сите граѓани на Велес, да ги заштитат своите водомери од ниските температури.
-Поради најавата за многу студено време во текот на наредните денови, им препoрачуваме на граѓаните кои досега не ги заштитиле своите водомери од замрзнување истото да го сторат, така што ќе ја завиткаат водомерната инсталација со дебела ткаенина и ќе ги затворат вентилите на чешмите во дворовите, соопшти Јавно комунално претпријатие „Дервен“.
Во случај да замрзне водоводната инсталација, како што велат од ЈКП „Дервен“, граѓаните да внимаваат кога ги одмрзнуваат цевките користејќи грејни тела , тоа да го прават внимателно и на одредена оддалеченост од инсталацијата.
-Во никој случај да не користат директен пламен врз цевките или водомерот, затоа што може да предзвикаат оштетување, особено ако цевката е пластична, додаде ЈКП „Дервен“.
Во текот на викендот не очекува многу студено време, се очекува температрите да паднат до -10 степени.
Стефани Манева