Единечна доза од вакцината на Фајзер 92 проценти ефикасна, покажа истражување од Израел
12.02.2021
Единечна доза од вакцината на Фајзер/БиоНТек е 92 проценти ефикасна, покажа стражувањето на Медицинскиот центар Зев од Израел, спроведено меѓу здравствените работници и целиот персонал вработени во центарот.
Истражувањето, објавено на европскиот магазин „Еуросурвејленс“ на Европската агенција за контрола на болести, било спроведено за да се види ефикасноста на вакцината во создавање на антитела против коронавирсуот, како таа влијае кај оние кои претходно биле заразени и веќе имаат антитела, а испитувано е дали има влијание возраста, полот и етничката припадност врз создавање имун одговор од вакцината.демијата со коронавирусот, која почна во 2019 во Кина, продолжува да се шири, и покрај повеќекратните карантини и продолжените контролни мерки имплементирани во повеќето земји.
Медицинскиот центар Зев, се наоѓа на северот на Израел, има 350 болнички легла и 1.500 вработени. На сите вработени во центарот, здравствени работници, административен и помошен персонал, им било понудено да учествуваат во истражувањето, а вакцина им била понудена и на тие што не одговориле дека сакаат да бидат вклучени во истражувањето.
Антителата им се мерени и пред вакцинирањето и по вакцинирањето, како и мерени се податоците и за оние вработени кои претходно биле позитивни на ПЦР тестот за присуство на СарсКов 2.
Од нив 1.378 варбортени во болницата кои ја примиле првата доза на вакцината, 514 или 37 проценти на возраст од 19 до 77 години учествувале во студијата и им биле измерени антителата на 21 ден по примање на вакцината.
Кај дел од вработените пред вакцинирањето се откриени антитела, а меѓу нив и оние кои имале позитивен ПЦР тест претходно, но имало и такви кај кои тестот за антитела е негативен иако претходно биле позитивни на корона вирусот.
„По примање на вакцината кај 475 лица или 92 отсто биле детектирани високи нивоа на антитела, а само кај 39 испитаници, главно Евреи, не реагирале на првата доза на вакцината, но тоа главно биле повозрасни лица со просечна возраст над 57 години“, стои во заклучокот на истражувањето.
Истражувањето не покажало значајни разлики околу ефикасноста на вакцината поврзано со тоа дали се мажи или жени, и межу различни етникуми. Антителата се намалиле кај повозрасните испитаници, но истражувачите предупредуваат дека ова истражување е направено на мал примерок повозрасните лица.
Во објаснувањето на истражувањето стои дека оваа студија покажала дека ефикасноста на една доза на вакцината на Фајзер/БиоНТек е голема, речиси 92 проценти, но дека таа не е репрезентативна, бидејќи е правена само на здравствени работници и вработени во Медицинскиот центар Зев и дека во неа постарите лица не се застапени доволно.
Од оние случаи кои не развиле антитела по првата доза од вакцинацијата, истраживачите претпоставуваат дека на тоа влијаат возраста и етничката припадност, но додаваат дек тој број испитаници е мошне мал и дека треба поширако истражуавање.
До крајот на јануари Израел вакцинираше над 29 проценти од својата популација со единечната доза на вакцината на Фајзер.