АМСМ: Денеска завршува обврската за поседување на зимска опрема во возилата
Објавено: 15 март, 2021, во 08:44 часот
15.03.2021
Обврската за задолжително поседување на зимска опрема во возилата што беше воведена на 15 ноември лани, завршува денеска. Од Автомото Сојузот на Македонија информираат и дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Стефани Манева



