Пронајден човечки труп во Вардар помеѓу мостови „Гемиџии“ и „Мало мовче“

Објавено на 7 мај, 2021 во 15:19

Човечкото тело во распаѓање е откриено во водите на реката закачено на гранки на едно од островчињата со шљунак во самото корито.

Него го извадија пожарникарите од Територијална против пожарна единица на Општина Велес. Според очевидци телото било во поодмината фаза на распаѓање.

Трупот во моментов е згрижен во капела и утре ќе биде предаден на обдукција. Ќе ја извршат лекарите во Институтот  за судска медицина во Скопје.

-Тоа не можеше да се случи денес иако е издаден налогот од наша страна. Тимовите што работат на обдукција немаат слободен термин во денешниот ден. Телото во распаѓање извлечено од Вардар, ќе биде транспортиран во текот на утрешниот ден, рече Основниот  јавен обвинител за подрачје на Општина Велес, Гордана Тодорова.

Резултатите од обдукцијата ќе овозможат да продолжи постапката на идетификација според која ќе се утврдува и личниот идентитет на човечкиот труп.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License