Велешани го празнуваат големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица (ФОТО)
Објавено: 28 август, 2015, во 09:04 часот
Со посета на храмот на светицата Богородица, во близина на Читкушева чешма, синоќа велешани започнаа да го слават празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица. Верниците од вчера попладне, во помали и поголеми групи, доаѓаат во црквата за да запалат свеќи и да се помолат за здравје, среќа и бериќет на семејството на овој значаен христијански празник, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Така ќе биде и денеска до напладне.

Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување./У.Ј







