Кавадарчани украле мајмунче од зоолошката во Скопје
Објавено: 11 август, 2015, во 10:14 часот
С.Н и неговата пријателка И.П.А од Кавадарци вчeра украле мајмун од видот Павијан од зоолошката во Скопје.
Портпаролот на МВР, Лиза Бендевска го потврди случајот и информира дека тие вчера околу 17.30 часот биле посетители во Зоолошката градина во Скопје. Кога стигнале до кафезот на мајмунот од видот Павијан, употребиле погоден алат и ја пресекле челичната жица. Го земале животното го ставиле во вреќа и најверојатно ја прескокнале задната ограда и со такси возило се упатиле кон Кавадарци.
Откако било пријавено во полиција, започнала потрагата по мајмунот. Кавадаречката полиција синоќа ги пронашла крадците и од нив е одземено животнот.
Полицијата по целосно расчистување на случајот ќе покрене соодветна постапка против лицата кои извршија несекојдневна кражба.
Oна што неофицијално се дознава е дека мајмунот бил украден, бидејќи ќерката на И.П.А која била исто така во зоолошката сакала да го има животното дома. Веднаш С.Н се решил да ја исполни нејзината желба и ја извршиле кражбата. Благодарение на совесни посетители случајот е веднаш пријавен во полиција и започнала потрагата по крадците.
Од зоолошката рекоа дека мајмунчето со име Лука е вратено во кафезот кај својот брат и било во добра здравствена состојба. /A.Д

