Охридска торта
Кој ја пробал еднаш оваа торта, станал нејзин љубител за целиот живот …
Потребно е: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 1/3 од подготвениот грилјаж.
за шербетот: ½ лажица шеќер, 1 чаша вода, 2 лажици коњак
за грилјажот: 400 гр шеќер, 400 гр ореви
за фил 1: 250 гр путер, 250 гр шеќер во прав, 4 жолчки
за фил 2: 250 гр путер, 250 гр шеќер во прав, 5 јајца, 2 кесички ванилин шеќер, 200 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
на грилјажот:
– Во сад на рингла ставете го шеќерот и топете го додека не карамелизира, пазејќи при тоа да не ви прегори. Додадете ги оревите. Оваа смеса вака врела сипете ја во навлажнета тава и оставете да се излади.
– Кога ќе се излади ставете го во аван и истолчете го. Од така добиениот грилијаж одделете 1/3 и оваа количина поделете ја на два дела.
– Одделете ги жолчките од белките. Изматете ги белките со шеќерот со миксер. Кога ќе ги изматите намалете ја брзината на миксерот и со постојано матење додавајте ги жолчките една по една во шнето од белки. Потоа додадете го и брашното и половина од 1/3 од грилијажот што го одвоивте претходно.
– Од горната смеса треба да испечете две кори. Значи половина од смесата сипете во тава претходно обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени. Проверете со чепкалка за заби дали е печено тестото.
на филот 1:
– Изматете ги пенасто путерот и шеќерот. Додадете ги четирите жолчки и продолжете да матите додека не добиете хомогена смеса. Додадете ја преостанатата половина од грилијажот.
– Земете една кора и попрскајте ја со претходно подготвениот шербет со коњак во него. Одозгора нанесете го филот 1.
– Одозгора ставете ја втората кора.
на филот 2:
– Изматете ги путерот и шеќерот како што направивте со филот 1. Додадете 5 жолчки и кога ќе се соединат додадете шне од 5 белки кои претходно ги измативте. Додадете истопено изладено чоколадо. Овој фил ви служи за премачкување на тортата одозгора (врз втората кора) и од страна.
– Кога убаво ќе ја премачкате тортата со филот 2, украсете ја по желба со шлаг или пак со растопено чоколадо.