Полицијата поднесе кривични пријави за четворица вработени во Македонски шуми

Објавено на 28 март, 2014 во 10:05

Со фалсификувани дозволи за сеча, четворица вработени, за 4.000 евра го оштетиле ЈП Македонски шуми-подружница Демир Капија.

Директорот на Јавното претпријатие македонски шуми – подружница Демир Капија, заработи кривична пријава оти на нелегален начин на уште тројца вработени во претпријатието им одобрил да издаваат дозволи за сеча на луѓе кои воопшто не поднеле барање за такво нешто.

Едниот од тројцата осомничени бил референт во јавното претпријатие и другите двајча шумочувари од Демир капија и Кавадарци.

Директотот на претпријатието им одобрил на тројцата да издаваат дозволи на сеча на луѓе чии лични податоци се злоупотребени и воопшто не поднеле барања за издавање на дозвола за сеча.

Законот е јасен, дозвола за сеча на шуми се изадава така што секое лице треба лично да поднесе барање со приложена лична карта и откако барањето ќе биде одобрено, ќе треба да го уплати потребниот паричен износ за количината на огревно дрво и да сече од државна шума во реон кој е наведен во дозволата.

Со издавањето на фалсификуваните дозволи, вработените во јавното претпријатие им овозможиле на други луѓе да исечат 206 кубни метри огревно дрво.

Ги продавале за 2.700 денари по кубик, а јавното претпријатие го оштетиле за речиси 4000 евра.

Сега директорот на јавното претпријатие ќе одговара за злоупотреба на службена положба и овластување, додека останатите вработени, вклучени во измамата, ќе одговараат за фалсификување или уништување на деловни книги./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.