Неготинка пријавила во полиција 74 годишен сопруг за прекршена судска забрана да се приближува на семејството а велешанец сопруга за следење и вознемирување
Објавено: 31 јули, 2026, во 13:38 часот
Една година помладата неготинка пријавата против Д.Ѓ.(74) ја поднела вчера претпладне во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Неготино додека триесет и седум годишниот велешанец напладне во Полициската станица во Велес.
„На 30.07.2026 во 10:30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Ѓ.(74) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 73-годишна сопруга дека не го почитувал решението од Основен суд Неготино со изречени привремени мерки за забрана да се заканува дека ќе стори насилство. Имено, според пријавеното, тој во семејниот дом се заканувал на сопругата и нивната ќерка. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.07.2026 во 12:30 часот, во СВР Велес, 37-годишник од Велес пријавил дека неговата поранешна сопруга Н.Т. од Скопје постојано го следела, воспоставувала несакана комуникација и преземала дејстивија со кои го вознемирувала. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


