Времето денеска…
Објавено: 17 март, 2014, во 07:27 часот
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и топло.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе има умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 0°C до 8°C, а дневните температури ќе достигнат до 12°C односно до 21°C.
Во Скопје ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и топло. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 5°C, а дневната температура ќе достигне до 18°C.

