Обама во акција против глобалното затоплување

Објавено на 26 јуни, 2013 во 10:21

Американскиот претседател, Барак Обама, вчера зборуваше за својот план во борбата против глобалното затоплување.

Во својор говор пред студентите на Џорџ Таун универзитетот, тој изјави дека САД треба да престане да го игнорира овој проблем и дека е крајно време нешто да се превземе. Плановите на Обама се фокусирани околу намалувањето на загадувањето од јаглеродните централи, кои придонесуваат за 40% од јаглеродното загадување во САД.

– За доброто на нашите деца, и за здравјето на сите Американци, и посочувам на Агенцијата за Заштита на Животната Средина да му стави крај на неограниченото јаглеродно загадување од нашите електроцентрали и да воспостави нови стандарди, изјави Обама.

Претседателот исто така посочи дека неговиот план ќе ги поттикне алтернативните, еколошки извори на енергија. Тој предложува федерални кредити од 8 милијарди долари за обновливи извори на енергија пренесува Би Би Си.

Обама веќе има противници на својот план. Сенаторот Конел изјави дека рестрикциите на јаглеродните централи ќе предизвиккаат “јаглеродна војна„ во време на рецесија. Аналитичарите сепак се согласуваат дека е краен рок нешто да се превземе од најголемиот загадувач во светот, но и дека ова ќе биде долга и тешка битка за Обама.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.