Еколошки протест кај штипското село Долнени!

Објавено на 19 мај, 2013 во 14:25

Жители на штипското село Долани и сопственици на викенд куќи денеска го блокираат магистралниот пат Штип – Радовиш, протестирајќи против изградбата на фабрика за топење на гуми.

Селаните сметаат дека фабриката може да го загрози бунарскиот систем од кој вода за пиење добиваат жителите на селата Долани и Драгоево, а во овој регион се произведуваат и органски земјоделски производи.

Сопствениците на викенд куќите,пак, бараат фабриката да се изгради во рамките на некоја индустриска зона.

Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека сопствениците на најавената фабрика за рециклирање на гуми нема да ги добијат потребните дозволи, бидејќи фабриката може да ги загрози бунарите за вода за пиење, а во непосредна близина се наоѓаат и мини фарма за сончеви колектори и фабрика за преработка на овошје и зеленчук.

Жителите на викенд куќите и на селото Долани најавија радикализирање на протестите доколку во Лакавичкиот регион се гради фабриката за топење на гуми.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.