Музејот за вино во Демир Капија интересен за туристите!
Во наредните пет месеци, од сега до септември годинава, над 3.000 туристи резервирале посета на музејот на вино во Демир Капија, кој е единствен од ваков вид во земјава.
Од музејот денеска информираа дека постојано се зголемувал бројот на туристи кои го посетиле, а растел бројот и на резервациите.
Вработените се задоволни што музејот станува се поатрактивна дестинација за туристи од повеќе земји. Голем број на тур оператори исто така се интересирале за организирани посети на куќата на виното.
-„Од почетокот на оваа година околу 1000 туристи го посетија музејот на виното кој работи веќе три години. Во изминатите две години повеќе од 5000 туристи дојдоа од Холандија да уживаат во винското царство,“ се пофалија од Музејот.
Од таму рекоа дека ова установа како една од поспецифичните била влезена во туристичките водичи во САД, Јапонија, Русија, Фрнција, Италија, Австрија и многу други земји. Нејзини редовни посетители биле и дипломатските претставници во земјава./ Б.Н.Т